OnlyFans им ги врати профилите на руските порноѕвезди, кои им беа блокрани поради војната со Украина

Руските корисници ги добија назад своите профили на страницата за возрасни OnlyFans, откако им беа заклучени поради руската инвазија на Украина. Иако повторно имаат пристап до своите содржини и средства, неколку од нив открија дека не можат да ја вратат својата заработка или да се пријават на нивните профили откако Русија го започна нападот врз Украина минатата недела, објави Дејли Бист.

Многу корисници дваат пристап до нивните лични фотографии и видео содржини на платформата, што често може да биде нивниот примарен извор на приход.

„Одлучија да ми ја избришат сметката без никакви предупредување! Имав пари таму и без нив нема да можам да живеам.Зошто им го прават ова на обичните луѓе?! Решивте да ни ги уништите животите?”, вели корисничката Кенра.

Друга, 21-годишна корисничка, пак вели дека со заклучувањето на нивните профили, не би можеле „да купуваат храна или да плаќаат кирија“.

„Учествував во неколку протести откако се преселив во Москва кога имав 18 години“, изјави корисничката за Дејли Бист, па додава: „Ние не сме Путин! Сите мои молитви се за мир и за украинскиот народ.“

Компанијата OnlyFans изјави за Ролинг Стоун дека корисниците не можеле да пристапат до нивните плаќања откако одредени руски банки биле исклучени од Друштвото за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации (СВИФТ) како дел од санкциите против земјата. А во понеделник, за Дејли Бист потврдија дека почнале да ги обновуваат сметките на корисниците.

„Како глобален бизнис, OnlyFans стои зад нашите корисници и разбира дека тие не се одговорни за овие грозоморни дејствија“, се вели во соопштението на медиумот.

Scroll to Top