Откако се развде со првата, највисокот маж на светот сега бара друга за да ја ожени

Турскиот фармер Султан Косен (39) боледува од гигантизам и акромегалија. Неговата хипофиза е зафатена од тумор и лачи преголема количина на хормонот за раст. Тој според Гинисовата книга на рекорди е највисокиот човек на светот со висина од 2,51 метар.

Косен неодамна се разведе од Сиријката Мерве Дибо која е висока 1.75 метри и отпатува во Русија за да си најде сопруга која ќе му роди деца. Тој во едно од своите интервјуа изјави дека најголем проблем со претходната сопруга била комуникацијата, бидејќи тој зборува турски, а неговата поранешна сопруга само арапски. Но тој е оптимист, па вели дека за Русинките слушнал дека кога ќе се заљубат, вечно ги обожаваат своите избраници. Не верува дека ќе му биде тешко да си најде сопруга.

„Парите не ми се проблем. Би сакал да ја вратам идната жена во Турција. Живеам на историско место, на југоисток, но доста далеку од морето. Слушнав дека Русинките сакаат згодни, љубезни мажи. Би требало да биде лесно“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sultan KÖSEN (@sultankosen47)

Косен, кој има курдско потекло, вели дека со текот на времето се навикнал да биде толку висок, но признава дека тоа понекогаш му предизвикува тешкотии и непријатност.

Scroll to Top