Откриен идентитетот на еден од сомничените кои го отруја рускиот шпион Скрипаљ

Еден од двајцата Руси кои британските власти ги сомничат за обид за труење на некогашниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, е доктор кој работел во руската воена известувачка служба, објавува вебсајтот Belingket.

Сајтот Belingket кој се занимава со известувачки прашања, навел дека неговото вистинско име е Александар Јевгенјевиќ Мишкин (39), а не Александар Петров, име под кое Велика Британија го обвини минатиот месец.

Британските обвинители го обвинија Петров и уште еден маж, означен како Руслан Боширов, дека во март оваа година, во Селзбери, со нервниот гас „новичок“, се обиделе да го отрујат Скрипаљ и неговата ќерка.

Белингкет минатиот месец го идентификувал Боширов како полковник ГРУ, чие вистинско име е Анталиј Чепига.

Полицијата во Лондон одбила да ги коментира шпекулациите за вистинскиот идентитет на обвинетиот и повторно верува дека тие користеле лажни имиња.

Русија отфрла секаква вмешаност во труењето на семејството Скрипаљ, а двајцата обвинети во Москва изјавиле дека патувале во Британија како туристи и дека во Солзбери отишле за да ја видат катедралата.

Scroll to Top