Откриен идентитетот на незнајниот јунак во ноќта на масакрот во Лос Анџелес

Некои суперхерои не носат маски. Момчето сликано на една од најдраматичните фотографии вечерта на масакрот во Лас Вегас, за многу кратко време успеа да стане херој на нацијата.

Додека куршумите летаа на сите страни, херојот од нашата приказна, легнал врз девојката за да ја заштити со своето тело. Неговиот некогашен колега го препознал на фотографијата и на Фејсбук го исфрлил името на овој човек со воодушевувачки зборови. Фотката брзо стана вирална.

Се испостави дека овој неименуван јунак всушност бил американски војник, Метју Кобс.

„Луѓето бегале на сите страни, уплашени за сопствениот живот. Кога ја видов сцената дека жената лежи на земја, облиена во крв, ја сватив сериозноста на ситуацијата. Сватив дека луѓето почнуваат да умираат“, изјави Метју Кобс.

Да се потсетиме, вооружениот напаѓач Стивен Падок, пукаше во неделата вечерта по локално време на фестивалот на кантри музиката „Route 91 – Harvest“, недалеку од Лас Вегас, и во тој момент усмрти 59 луѓе, а рани други 527 лица. Педок пукаше по луѓето од хотелската соба на 32 кат, каде беа пронајдени најмалку 10 пушки. Пред да полицијата влезе кај него, тој се самоуби.

 Повеќе за ова прочитајте на следните линккови:

Пет очигледни недоследности за масакрот во Лас Вегас што треба да бидат разрешени

Сметката откри дека убиецот од Лас Вегас вечерал со уште една личност во собата пред пукањето

Жена предупредила 45 минути пред да се случи масакрот во Лас Вегас: „Сите ќе умрете“

Гостин од хотелот во Лас Вегас од соседната соба на убиецот – „Видов повеќе вооружени луѓе“

 

Scroll to Top