Откриен начин како да се запре стареењето

Нема ништо едноставно во феноменот кој ги засега сите живи битија – стареењето. Досега се направени многу експерименти кои се фокусираат на разбирањето на овој процес. Некои ја анализираат улогата ја има мозокот или митохондриите врз стареењето, други истражуваат одредени протеини и сл.

Нова студија од Методистичкиот истражувачки институт Хјустон, пак, се фокусира на хромозомите.

Тим воден од Џон Кук, директорот на одделот за кардиоваскуларни науки, ги истражувал теломерите – регионот лоциран на врвот на секој хромозом, чија должина соодветствува со возраста, а биле истражувани клетки од деца со фаталната генетска болест прогерија, која предизвикува забрзано стареење.

Во нивната студија, објавена во журналот на американскиот колеџ за кардиологија, истражувачите откриле дека продолжувањето на скратените теломери ефективно го сопрело стареењето во изолираните примероци на клетки земени од пациентите со прогерија.

Бидејќи студијата била лимитирана на примероци од клетки земени од 17 пациенти, истражувачите решиле дека мора да проверат дали истиот процес ќе функционира и кај клетки внатре во телото, па така следен чекор е изведување на истиот третман директно во пациентите, почнувајќи со деца кои боледуваат од прогерија.

Кук има надеж во врска со овој третман, бидејќи и да не му успее комплетно да го сопре стареењето на клетките, во најмала рака би му успеало барем да го забави.

Scroll to Top