Откриена првата Месечина надвор од нашиот Соларен систем

Астрономите со употреба на вселенскиот телескоп „Хабл“ дојдоа до докази за постоење на Месечина надвор од нашиот соларен систем. Месечината кружи околу џиновска гасна планета, која е оддалечена 8000 светлосни години.

Според сознанијата објавени во магазинот Sajens advansd егомесецот е необичен поради својата големина која може да се спореди со онаа на Нептун.

Такви огромни месеци не постојат во нашиот соларен систем, каде се забележани речиси преку 200 природни сателити.

„Ова е прв случај на откривање на Месечината надвор од нашиот соларен систем“, изјавил професорот по астрономија од Универзитетот Колумбија Дејвид Кипинг.

Доколку биде потврдено со дополнителни опсерварции, ова откритие би можело да даде витални информации за развојот на планетарните системи, изјавил Кипинг и додал дека ваквото откритие би можело да ги натера експертите да ги преиспитаат теориите за тоа како Месечините се формираат околу планетите.

 

Scroll to Top