Отпуштен извршниот директор на „Мекдоналдс“ зашто имал врска со вработена

Директорот на „Мекдоналдс“, Стивен Истербруг, заработи отказ, поради тоа што бил во врска со една од вработените во компанијата. Службите преку соопштение до јавноста посочија дека на тој начин Истербург ја прекршил политиката на компанијата која забранува каков било однос меѓу директорите и вработените.

Во ппорака на е-пошта што Истербруг ја испратил до вработените, тој ја признал вината.

„Со оглед на вредностите на компанијата, се согласувам со бордот дека е време за мене да продолжам понатаму“, напиша Истербрук.

Истербрук, кој е разведен, почнал со работи во „Мекдоналдс“ во 1993 година, како менаџер во Лондон, пред да напредува во компанијата. Тој бил поставен за извршен директор на компанијата во 2015 година.

Од компанијата засега не соопштиле повеќе детали во врска со овој случај.

 

 

 

 

Scroll to Top