Во националниот парк „Кралицата Елизабета“ во Уганда се отруени 11 лавови, изјавил портпаролот на Организацијата за дивиот живот во Уганда, Џоси Муханди.
Според неговите зборови, тоа претставува голем удар за паркот кој зависи во голема мера од туристите кои доаѓаат да ги гледаат лавовите.
Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за три лавици и 8 младенчиња.
Eleven lions found dead in Uganda national park in suspected poisoning https://t.co/9WcpdEd5jT
— Telegraph News (@TelegraphNews) April 12, 2018
Муханги изјавил дека во паркот има преку 200 лавови вклучувајќи ја и ретката група од оние кои се качуваат на дрво.