Отворен првиот Дневен центар за Даунов синдром

Првиот центар за Даунов синдром се отвори денеска во земјава. Центарот кој се наоѓа вкупна површина од 381 метар квадратен, се наоѓа зад Собрниот храм, а вкупната ивестиција за истиот изнесува околу 6 милиони и 500 илјади денари.

Опремувањето на центарот е направена во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека преку овој центар ќе се унапредат правата на лицата со попречености. Во центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидромасажa.

Дополнително, на долниот кат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг-сервис. На овој начин децата и младинците од центарот со поддршка на стручни лица и родителите ќе можат да бидат и работно ангажирани.

Scroll to Top