Отворен првиот хотел во замокот Версај, ноќевање чини 1.700 евра

Во рамките на замокот Версај е отворен првиот луксузен хотел, каде едно ноќевање чини 1.700 евра. Хотелот „Гранд контрол“ има 14 соби и апартмани и е сместен во историските згради од 1681 година.

Просторот го реновираше францускиот архитект и дизајнер на ентериер Кристоф Толемер.

Хотелот има поглед на оранжеријата и на огромниот декоративен базен кој го ископала швајцарската гарда меѓу 1679 и 1682 година.

Главен шеф во ресторанот е славниот готвач Ален Дикас и нуди мени инспирирано од Луј Четиринаесетти, но и класични француски јадења.

Scroll to Top