Во северно индиската држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, која е опремена со најсовремени средства за лечење на овие животни, важни за индиската култура, а која со тоа привлекува голем број локални но и странски туристи.
Во болницата првиот пациент е 49-годишната слоница Аша, која ја подигнала својата лева нога за да може лекарот да ѝ ја санира повредата, а посетителите снимале со мобилен телефон, пренесе Ројтерс
Болницата се простира на повеќе од 12.000 квадратни метри, опремена меѓудругото со безжичен дигитален ренгенски уред, апарат за термографско снимање, ултрасонографски уред и карантински простории.
Оваа установа е наменета за лекување на повредени, болни и стари слонови.
Слоновите се важен дел од индиската култура и многу се присутни на фестивалите, а се користат и како туристичка атракција во северните и западните региони.