Ова дрво е старо 400 години – Ја преживеало и атомската бомба во Хирошима

Вистината за ова дрво е откриена во 2001 година.

Ова бонсаи дрво, е засадено во 1625 година. Се наоѓа во музејот Вашингтон, во Америка, откако во 1976 година беше донирано од страна на бонсаи мајсторот Масару Јамаки. Она што е посебно за ова дрво е фактот дека тоа ја преживеано атомската бомба која е фрлена на Хирошима во 1945 година.

Тој факт бил непознат до 2001 година, кога внуците на бонсаи мајсторот ја посетиле изложбата. Семејството Јамаки со дрвото биле затворени на безбедна оддалеченост од ефектот на бомбата.

Шигеру (21) и Акира (20), внуците на бонсаи мајсторот, дошле тој ден во музејот па едната волонтерка ја прашале за правец.

Ги интересирало каде е изложено дрвото на нивниот дедо, и во тој момент ја откриле вистината за него, пренесува indy100.com.
Кејтлин Емерсон-Дел, помошничка на кустосот во музеј, изјави за Национална географија, дека дрвото не е дадено поради настаните кои се случиле во 1945 година во Хирошима.
„Тоа е дар на пријателство и врска на две различни култури. Постои некоја врска со ова дрво, кое преживеало кој знае што. Тоа сега е дал од мојата сегашност, а некогаш бил дел од сегашноста на други луѓе. Тоа е како да допирате историјата“, вели таа.
Scroll to Top