Оваа недела температури од -15 до 15 степени

Во текот на следните неколку денови под влијание на јужно воздушно струење ќе имаме позначителен пораст на температурите и тие ќе се движат од 7 до 15 степени. Исклучок е среда кога температурата нагло ќе падне и ќе се движи од од -2 до -15 степени.

Времето неделава ќе биде сончево со умерена облачност, а позначителна облачност ќе има во вторник особено навечер и во текот на ноќта кон среда кога се очекуваат локални слаби врнежи од дожд. На планините ќе провејува снег. Дожд се очекува и пред крајот на неделата, во ноќта од сабота кон недела.

Од УХМР најавуваат дека во котлините ќе има услови за појава на магла. Во понеделник ќе дува слаб југоисточен ветер, а во во вторник ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд со слаб интензитет, во западниот дел од земјата. Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец што во текот на ноќта ќе ги намали температурите до -15 степени. Во четврток и петок времето ќе биде сончево со повремена облачност.

 

Scroll to Top