Падна Твитер во Америка, Велика Британија, Нов Зеланд

Социјалната мрежа „Твитер“ падна во неколку земји во светот. Најмногу беа погодени корисниците во Америка, Велика Британија и Нов Зеланд, а проблеми со мрежата пријавија и илјадници корисници ширум светот.

Проблемите почнале синоќа околу 18.50 часот, а повеќето прекини се чини дека се појавиле во големите градови, главно Њујорк и Вашингтон.

Засега не е познато што го предизвикало падот на социјалната мрежа.

Scroll to Top