Паднал во смрзнато езеро, половина час останал под мразот

(САД) – Заменик-шерифот од Округот Вашингтон во американската сојузна држава Јута, Арон Томпсон, спасил момче заробено под лед, по што тој бил лекуван од симптоми на хипотермија.

Момчето паднало под површината на мразот на замрзнато езеро додека го бркало своето куче, пренесува АП.

Спасителите веруваат дека момчето минало околу половина час во вода со температура од околу три степени Целзиусови, пред да биде спасено од Томпсон.

Момчето е префрлено на лечење во болницата во Солт Лејк Сити, велат властите.

Томпсон денеска е пуштен од болница.

 

 

Scroll to Top