Папата го обвинува ѓаволот за сексуалната злоупотреба на децата

By

Ѓаволот е жив и работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква, изјавил папата Фрањо во својот неодамнешен говор упатен до јавноста.

dobivaj vesti na viber

Папата е до тој степен убеден дека ѓаволот е виновен за кризата со сексуалната злоупотреба што побарал од католиците ширум светот секој ден во октомври да кажуваат специјална молитва со цел да го победат.

Откако е избран во 2013 година, папата Фрањо јасно стави до знаење дека верува дека ѓаволот е реален. Во документот напишан во април за светоста во модерниот свет, Фрањо го споменал десет пати.

„Не треба да мислиме за ѓаволот како за мит, приказна, симбол, фигуративен збор или идеја. Таа грешка би довела до тоа да ја намалиме одбраната, да станеме безгрижни и ранливи“, напишал Папата.

Забележливо е дека папата за тоа што дел од неговите свештеници со децении, па и векови, сексуално ги злоупотребуваат децата не ги обвинува злосторниците, туку ѓаволот.

Римокатоличката црква ја тресат низа скандали поврзани со сексуална злоупотреба во Германија, САД и Чиле.

 

Ќе ви се допадне