Финската влада ги објавила денес првите резултати од двегодишниот експеримент со гарантирана плата за невработените. Експериментот завршил пред еден месец и спротивно од очекувањата, покажал дека ваквиот начин на социјална грижа не ги мотивирал корисниците да работат и заработуваат повеќе.
2000 невработени Финци станале првите Европејци кои уживаа во гарантираниот личен доход. Тие секој месец примале чекови од државата, без оглед на тоа дали нашле работа или седеле дома.
Овој експеримент Финска го тестирала како еден од алтернативите за обновување на моделот на социјална заштита, што е крупен проблем за кои се очекува да биде решен по парламентарните избори во април.