Француската музичка ѕвезда во подем Барбара Велден падна и почина среде настап на фестивал. Причината за смртта уште не е потврдена, но постои сомнение дека ја удрило струја, по што добила срцев удар.
Велден (36) годинава го објави првиот албум и доби награда за најдобар млад талент.
Истрагата е во тек и полицијата засега не објавува никакви детали.
Пејачката, која настапуваше заедно со пијанист и гитарист, беше на среде турнеја и во подем на кариерата.
Со музика почнала да се занимава откако се откажала од кариерата како циркуска ѕвезда.