Пет кризи кои секоја жена ги доживува

Животните кризи им се случуваат подеднакво како на жените, така и на мажите.

Меѓутоа, ние жените ги гледаме од поинаков агол. Како да се носиме со кризата, а притоа од неа да излезете посреќни и поискусни? Психолозите ги дефинираат петте кризи која секоја жена ги доживува во својот живот.

Зборуваме не само за нив, туку и за тоа како да се носите со нив.

Дете во пубертет

Време да влеземе во нова фаза од живтот, девојчето повеќе не е дете, но возрасниот свет не го сфаќа сериозно. Телото се менува, што исто така влијае на перцепцијата на личноста. Во овој период ја доживуваме својата прва љубов, која често завршува лошо. Како да се носиме со тоа?

Ако вашата ќерка е стара околу 12-18 години и проаѓа низ пубертетската криза, важно е да ја поддржите. Спрема мислењето на психолозите, сите деца не им веруваат на своите родители, поради што е тешко да им се пристапи особено во овој период.

Не ѝ давајте на вашата ќерка ултиматум, немојте да ја казнувате дури и ако имате различни гледишта, туку напротив, постојано давајте ѝ до знаење колку ви е важна и колку вреди. Би било добро кога не само мајката, туку и таткото би ја поддржувал во овој тежок период.

Криза во 30-тите

Возрасната жена веќе ги приметува првите промени врзани за оваа доба. Ако немате сопруг, почнувате да се сомневате во пронаоѓањето на вистинскиот и создавањето семејство со него. Се поставуваат егзистенционални прашања: „Зошто сето ова? Зошто јас живеам?“. Во овој период, младата жена одеднаш може да го почувствува товарот на годините. Како да се носиме со него?

Пред сé, добро е да водите грижа за своето здравје: да се занимавате со некој спорт, да јадете здрава храна. Доколку работите на компјутер, не заборавјте на кратките петминутни паузи на секој час. Исто така – најлошто што може да го направите е да се препуштите на стереотипите и да почнете набрзина да го „организирате својот живот“, што значи дека барате сопруг и сакате да родите деца, доколку навистина не се чувствувате спремни за тоа. Подоцна може да дојде до незадоволство и до чувството дека ве одминало нешто важно.

Кризата во 30-тите ни помага да разбереме: животот брзо поминува и важно е да научиме да го живееме потполно секој момент, бидејќи најпосле, нема репризирање на тие моменти.

Криза во 40-тите

Четириесетите години се сметаат за симболна половина од животот. Жената ги стигнува сите достигнувања и тогаш почнуваат болните споредувања. Пријателката родила три деца, а таа не. Другарката станала генерален директор, а таа и понатаму е менаџер. Во случајот кога жената се занимава со работа која не ја прави среќна, нејзиниот умор од животот расте. Како да се носиме со тоа?

Ако паднете во маѓепсаниот круг на споредување на себеси со другите, ништо од тоа нема да ви помогне. Размислете дали во име на кариерата, би биле спремни да ѝ го посветите целиот свој живот само нејзе?

Ако немате деца, а до сега ништо не сте направиле за да ја промените ситуацијата, вреди да се признае дека се чувствувате пријатно во животот кој го имате. Пратете го својот пат и запамтете дека имате потполно право на своите желби и одлуки.

Криза во 50-тите

Жената се приближува до менопаузата, која често е предизвикана од влошувањето на физичката благосостојба и пад на расположението. Можеби постои чувство дека таа немала време да направи нешто важно во животот. Премногу им се посветила на децата, сопругот и работата. Како да се носиме со тоа?

Треба да се потсетите дека сите овие стравови се предизвикани од хормоналните промени. Љубота и чувствата можат да останат со нас до крајот на животот, но никогаш нема да бидат онолку силни како во младоста.

Прифаќањето на вашите години и способноста да живеете со нив во хармонија не го затвараат емоционалниот свет за нас, туку напротив, тие повторно го отвараат.

Криза во 70-тите

По менопаузата, животот на жената обично го следи долгиот период на ментална удобност. Меѓутоа, жената во добата на 70-тите може да искуси нова криза, поврзана со стравот од беспомошност и зависност од саканите. Како да се носиме со ова?

Немојте да ги преморувате децата да ви посветуваат повеќе внимание. Често е единствен начин да се привлече внимане со болест. Тогаш можеме да бидеме сигурни дека сите наши роднини ќе бидат секогаш тука.

Меѓутоа, имајте на ум дека разговорите со вашите деца и внуци ќе бидат поугодни доколку ја напуштите улогата на жртва. Некои роднини ќе бидат среќни со нас. Обидете се да ги сослушате без да се обидете да давате совети и проценки наеднаш.

Исто така, запамтете дека е убаво да имате хоби кое ќе ве инспирира, без разлика на годините кои ги имате.

Scroll to Top