Дијамантот за кој се верува дека е петти по големина во светот и дека би можел да вреди 40 милиони долари е пронајден во Лесот, соопшти денеска рударската компанијата „Џем дајмандс“.
Компанијата го откопала дијамантот во еден рудник во Леценг, а објавено е дека на драгоцениот камен има 919 карати и дека е исклучително квалитетен.
Фирмата го купила овој рудник во 2006 година, а претходниот рекорд за оваа локација го држел дијамантот „Ветување од Лесот“, кој имал 603 карати.
„Сепак, овој исклучителен дијамант, кој е откопан, е со најголем квалитет досега. Ова е големо откритие“, изјави директорот на „Џем дајмандс“, Клифорд Елфик.
Вредноста на акциите на компанијата на берзата во Лондон утринава пораснала 14 отсто.