Пијан елен скршил стаклена врата и демолирал куќа

Настанот се одиграл во местото Ронинге, на југот на Стокхолм, кога агресивен елен влегол во куќата и направил неред во дневната и спалната соба, пренесе една шведска државна телевизија.

Ваквото однесување на животното, како што објасни портпаролката на полицијата, Ана Весберг, е последица на алкохолизираната состојба во која бил еленот бидејќи јадел ферментирано овошје во дворот покрај куќата.

Полицијата била збунета од целата слика, но успеала да го истера од домот по што животното побегнало во шумата.

Ова не е прв ваков случај, во Гетеборг пред четири години беше регистриран случај со пет пијани елени кои демолирале една луксузна вила.

 

Scroll to Top