Планетариумот во МКЦ денес повторно се отвора по две години пауза

Денеска во Младински културен центар во Скопје по две години повторно ќе се отвори Планетариумот. Љубителите на астрономијата ќе може да присуствуваат на предавањата што ќе ги одржуваат Моника Пешевска и Радан Митровиќ, а кои се кои се адаптирани според возраста на посетителите.

„Повторно ќе имате можност да учите за планетите, ѕвездите, сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас“, велат од МКЦ.

Поради сè уште важечките ковид рестрикции, на едно предавање ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица.

Scroll to Top