„Пласибо“ со голем концерт во Скопје две години по откажаната европска турнеја

By

Британскиот поп-рок бенд „Пласибо“ на 16 јули 2022 година ќе одржи концерт на стадионот на АРМ во Скопје. Бендот требаше да настапи во Македонија лани во јуни, но поради короната, уште во 2019 година ја откажа својата европска турнеја, а со тоа и концертот што беше планиран за Скопје, потврди организаторот „Авалон продукција“.

„Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл Beautiful James, која е најава за новиот албум, добивме дозвола да го објавиме и овој голем настан што ќе се одржи в година“, велат од „Авалон“.

Влезниците за концертот на „Пласибо“ ќе бидат пуштени во продажба в петок, 15 октомври, и тоа 1.500 денари за партер и 1.990 денари за фан пит.

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот што требаше да се одржи на 25.6.2020 година не мора да ги заменуваат бидејќи и тие ќе бидат важечки, додава организаторот.

„Со објавата за овој концерт почнува серијата објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година“, велат од „Авалон“.

Ќе ви се допадне

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

SK8 the Infinity

Death Note Episode 34

gogoanime in Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

watch anime free Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

gogoanime in GoGoAnime Dragon Ball Super