По 13 години, го пронашла венчалниот прстен на најневообичаено место

Мери Гремс (84) не можела да поверува дека плод од шеќерна репа растел низ и околу нејзиниот дијамантски прстен, за кој таа престанала да се надева дека некогаш ќе го пронајде.

Канаѓанката, која го изгубила својот свршенички прстен пред 13 години додека работела во градината на семејната фарма, повторно го ставила на рака откако нејзината снаа го пронашла на шеќерната репа што ја извлекла од земјата.

Мери Гремс (84) не можела да поверува дека шеќерната репа растела низ и околу прстенот. Таа вели дека не му кажала на својот сопруг Норман дека го изгубила, но му кажала на синот. Сопругот починал пред пет години.

„Неверојатно е како шеќерната репа растела околу него, среќна сум и чувствувам олеснување“, изјави Мери.

Нејзината снаа Колин Дејли го пронашла прстенот додека ги вадела плодовите од земјата на фармата во Алберти, Канада, каде Мери Грамс некогаш живеела. Фармата му припаѓа на ова семејство веќе 105 години.

Според зборовите на Колин Дејли, кога ја извлекла шеќерната репа забележала дека една има поинаков облик. Помислила да го нахрани кучето со истата, но, сепак, на крајот одлучила да ја сочува и да ја фрли во корпата со другите.

Дури кога почнала да го мие овошјето, го забележала прстенот и му го покажала на сопругот.

„Мама не можеше да поверува кога ја повикавме да ѝ кажеме што откривме“, вели синот Мери Гримс.

Таа едвај дочека повторно да го стави прстенот на рака, по толку години.

 

 

Scroll to Top