По 15 години бегство, шефот на мафијата „Јакузи“ уапсен поради фотографија на „Фејсбук“

Фотографијата на старец со истетовиран грб, кој на улица во Тајланд игра социјални игри, стана популарна на „Фејсбук“. Станува збор за Јапонецот Шигехар Ширај (74), шефот на мафијата „Јакузи“, кој веќе 15 години бега од полицијата.

Шираја е осомничен дека убивал соперници од бандата во 2003 година, пренесува Би-би-си.

Фотографијата настанала на улица во градот Лопбури, северно од Бангкок, а Јапонецот е уапсен поради кршење на условите за виза и ќе ѝ биде испорачан на Јапонија.

Тој на полицијата во Тајланд ѝ признал дека е член на „Јакузи“, но не го признал убиството од 2003 година. Во Тајланд пристигнал во 2005 година. Иако не е нелегално да се биде член на „Јакузи“, сепак членовите на бандата најмногу се занимаваат со коцкање, проституција и трговија со дрога.

Кои се „јакузите“?

„Јакузите“ се познати и како „гокудо“, припадници на јапонската криминална организација, традиционален синдикат на организиран криминал, познат и како насилничка група. Името го добиле од популарната игра на карти „хендфул“, односно најлошата комбинација што играчот може да ја извлече: 8 (ја), 9 (ку) и 3 (са), што во буквален превод значи безначајно, па во Јапонија уште ја нарекуваат и 893.

Таа е најмногубројна криминална организација во светот. Членовите ги препознаваат по кусо потстрижаната коса, тетоважите по целото тело и по недостигот на малиот прст на раката (тоа ритуално отсекување се нарекува јубитсуме).

Кога ќе направи прекршок, сторителот мора да го отсече врвот од малиот прст на левата рака и да му го предаде на својот надреден.

 

Scroll to Top