По 500 дена во затвор, новинарите на „Ројтерс“ ослободени од затвор

Двајцата новинари на „Ројтерс“ Ва Лон (33) и Кјау Соу (29) по 500 дена минати во затвор во близина на градот Јангон, се ослободени благодарение на амнесијата на претседателот Вин Минт. Ва и Кјау се осудени за кршење на Законот за службена тајна. Во септември минатата година, биле осудени на седумгодишна казна затвор.

Покрај Ва и Кјау на списокот на аменстирани лица на претседателот Минт, се нашле уште 6520 затвореници. „Ројтерс“ тврди дека нивните вработени не направиле никаков злостор.

Светските медиуми пренесоа дека Кјау Соу излегол насмеан од затвор, поздравувајќи ги неговите колеги, додека Ва Лон јавно упатил благодарност до сите страни за меѓународните напори за нивно ослободување.

„Многу сум среќен и возбуден што ќе ги видам моето семејство и колеги. Едвај чекам да се појавам во редакција“, изјавил Ва Лон.

Пред апсењето во декември во 2017 година, Ва и Кјау работеле на случајот со убиството на 10 мажи и едно момче муслиман во земјата. Според нивните наводи, убиствата ги направиле безбедносните сили и будистичките цивили во западната држава Мјанмар, за време на воените акции.

Според проценките на Обединетите Нации, операцијата довела до тоа да 730.000 муслимани побегнат во Бангладеш.

 

 

 

Scroll to Top