По дефектот на пумпата, се слушнале викотници во пештерата

Последниот ден од спасувачката акција на Тајланд бил исклучително драматичен. Само среќата била таа што ги спасила нуркачите да не настрадаат.

Кога ги извлекле децата и тренерот, главната пумпа што ја испумпувала водата од пештерата престанала да работи, а потоа нивото на водата почнало да расте.

Во тој момент членовите од спасувачкиот тим биле во комората 3, околу 1,5 километар од излезот.

Неколку часа откако било извлечено последното момче на површина, тројца нуркачи од Австралија ја чистеле опремата во комората 3, каде што се наоѓала базата на спасувачкиот тим. Внатре во пештерата нивото на водата било доволно ниско, па им било овозможено да одат низ неа. Тогаш главната пумпа престанала да работи, а водата бргу ја наполнила комората.

Нивото на водата почнало неверојатно бргу да расте. Се слушнале викотници од страна на членовите на спасувачкиот тим, кои се бореле да стигнат до сувиот дел и да побегнат од водата што надоаѓала.

„Викотниците се слушнаа веднаш кога главната пумпа откажа и водата почна да надоаѓа. Се појави од сите страни“, изјави еден од нуркачите.

Речиси 100 спасувачи, кои се наоѓале во тој дел од пештерата, тргнале кон излезот и по еден час и тие се нашле на безбедно.

Со нив на површината излегле и тројца припадници на тајландската единица „Фоки“ и австралискиот лекар, кој претходните денови биле со децата и нивниот тренер во пештерата.

За потсетување, 12 момчиња и нивниот тренер се спасени од пештерата на северот на Тајланд, во која минаа 17 дена.

 

 

Scroll to Top