По Фејсбук и Пентагон мета на хакери

Американската служба Пентагон соопшти дека неодамна над неа бил извршен хакерски напад врз патните записи на Одделението за одбрана.

Со тоа биле загрозени личните податоци и податоците за кредитните картички на американските воени и цивилни службеници.

Американското официјално лице задолжено за истрагата, вели дека нападот би можел да загрози повеќе од 30.000 службеници.

Како што наведуваат од Пентагон, иако настанот бил неодамна откриен, тој најверојатно се случил пред неколку месеци.

Едно од службените лица, кои инсистирал на анонимност пред медиумите, вели дека истрагата е во тек, и дека во нападот не бил загрозен ниту еден доверлив документ.

Пентагон соопшти дека тим со високотехнолошки кримиал веќе ги информирал шефовите за нападот на 4 откомври, како и дека сеуште собираат податоци за големиот напад и за тоа кој истиот би можел да го изврши.

Претходно и од компанијата „Фејсбук“ признаа дека хакери упаднале во податоците на 29 милиони корисници, так ашто ги користеле нивните листи на пријатели.

Хакерите ги искористиле пропустите во Фејсбук кодот во перидоот меѓу јули 2017 и септември 2018 година.

 

Scroll to Top