Животните на фарма во Холандија поради студеното време биле принудени неколку месеци да бидат затворени. Кравите шест месеци не биле пуштани надвор и не виделе сонце.
Без оглед на големиот број погодности за одгледување на стоката во Холандија, сликата во зима е целосно поинаква. Животните во оваа земја се принудени да бидат затворени речиси шест месеци.
На видеото може да се забележи колку сонцето и тревата им недостигале за време на зимскиот период. Голем број луѓе се собрале да го проследат излегувањето на животните на зелената трева.