Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ починал денес од тешките повреди со кои се здоби во неделата по нападот со нож. Адамовиќ се здобил со повреди во пределот на срцето изјавил еден од хирурзите.
„Не можевме да се избориме да го спасиме“, изјавил висок претавник на полската влада за локалните медиуми, пренесува Ројтерс.
Градоначалникот Адамовиќ бил избоден со нож во пределот на срцето и стомакот, додека стоел на бината. Тој бил цело времево критична состојба за време на операцијата. Била организирана и специјална акција за собирање крв.
Покрај рааните во пределот на срцето, на Адамовиќ му биле оштетени дијафрагмата и дел од внатрешните органи. Бискупот во Гдањск бил во болницата за време на операцијата на градоначалникот и изјавил дека се молел за чудо.
Mayor Adamowicz has died from the wounds suffered during last night’s knife attack in Gdańsk during a charity fundraiser.
Doctors fought overnight to save his life, but it has been confirmed that they and he lost the struggle https://t.co/IXVmPsjjhg
— Notes from Poland 🇵🇱 (@notesfrompoland) January 14, 2019
Адамовиќ бил градонаалник на Гдањск од 1998 година. Бил член и на демократската опозиција, која настанала во тој град под лидерство на Лех Валес во периодот од 80-те години од минатиот век.
Откако ја напуштил Граѓанската платформа, тој бил избран повторно да го истера шестиот мандат како независен кандидат. Како градоначалник бил познат по својот прогресивен глас, со кој ги поддржувал правата на ЛГБТ заедницата и толеранцијата кон малцинствата.
Полското обвинителство денес соопштило дека е покрената истрага против лицето кое е обвинето дека го избодело, а осомничениот ќе биде испрашан и подложен на психијатриски преглед.