Почина Индиецот кој го имаше најголемото семејство на светот, остави 38 жени и 89 деца

На 76 години почина Индиецот за кој се верува дека го имаше најголемото семејство на светот.

Зиона Чана беше лидер на христијанска секта во која мажите смеат да практикуваат полигамија и зад себе остави 38 жени, 89 деца и 36 внуци.

Чана двапати беше застапен во популарното ТВ-шоу „Верувале или не“, но тешко е да се потврди дали тој навистина го држел светскиот рекорд за најголемо семејство на светот. Сепак, Чана и неговото семејство привлекуваа бројни туристи во нивното село во североисточна Индија.

Огромното семејство живее заедно во куќа на четири спрата, која има 100 соби. Според други извори, тоа брои 39 жени, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, односно вкупно 181 член.

Чана, роден во 1945, својата највозрасна жена ја запознал кога имал 17 години. Семејството припаѓа на секта што ја основал дедото на Чана во 1942 година и денес брои околу 2.000 следбеници.

Scroll to Top