Таа во болницата стигнала во април и во целост била прикована за креветот, без можност да седи и да зборува, имала епилептични напади поради што ѝ била парализирана десната страна од телото. Лекарите ѝ рекле дека мора да ослаби за да може да ѝ направат КТ на мозокот.
Набргу успеала да ја намали телесната тежина и да биде оперирана, но проблемите само натежнувале. Лекарите откриле дека Еман страда од ретко генетско нарушување поради што константно била гладна.
Иако изгледало дека општата состојба ѝ се подобрува, за време на вчерашниот ден состојбата ѝ се влошила, а смртта настапила денеска околу претпладне.
Еман минатата година дала изјава за медиумите дека дури 25 години не била во состојба да излезе од станот во кој живеела, а поголем дел од времето не се поместувала од креветот. Состојбата почнала да се влошува кога на 12 години претрпела сериозна паразитска инфекција.
Во текот на годината била тестирана на телесни течности во организмот поради што во целост била зависна од други, до таа мера што не можела да оди ни во училиште.