Почина најстариот ветеран од Втората светска војна

Најстариот ветеран во Втората светска војна во САд, Афроамериканецот Лоренс Н. Брукс, почина на 112 години. Тој беше и најстариот човек во САД.

Тажната вест ја објавија од Националниот музеј на Втората светска војна и неговата ќерка.

„Повеќето Афроамериканци кои служеле во Армијата на САД, почетокот на Втората светска војна биле распоредени во неборбените едници. Тие биле на должност и ангажирани за снабдување, одржување и транспорт“, рече потпретседателот за образование и пристап во музејот во Њу Орлеанс, полковник Пит Крејн.

„Причината за тоа беше чистиот расизам. Не постои друг начин да се окарактеризира тоа“, додаде тој.

Семејството на Брукс, кое е со потекло од Норвуд од Луизијана, се преселило во делта реката Мисисипит, кога тој бил дете.

Тој бил едно од 15 деца и живеел многу далеку од неговото најблиско школо, па родителите кога можеле го подучувале од дома.

Тој работел во планина кга бил мобилизиран во американската војска во 1940 година, а по јапонскиот напад на Перл Харбр, бил распореден во 91 инженерски пук за општа служба, стациониран во Австралија, каде претежно биле Афроамериканци.

Подоцна за време на војната, губитоците практично ја приморале војската да почне да поставува повеќе афроамерикански трупи на борбените позиции.

За тоа сведочи и податокот дека од 1941 година нешто помалку од 4000 Афроамериканци служеле војска, а до 1945 година, тој број пораснал на повеќе од 1,2 милиони.

Единицата во која служел Брукс градела мостови, патишта и писти за авиони, а тој бил распореден како чувар на тројца бели офицери и неговата работа била да готви, вози и да се грижи за нивната облека.

„Брукс не зборувал често, јавно за дискриминацијата со која тој и другите војници Афроамериканци се соочувале за време на војната или за дискриминацијата со која неговото семејство се соочила на југот“, рече неговата ќерка.

За време на едно интервју, Брукс рчее дека офицерите за кои тој се грижел, добро се однесувале кон него и се сметал за среќен човек што не морал да оди да се бори во војната.

И покрај тоа што не учествувал во битките, Брукс го искусил непријателскиот оган за врее на еден напад на Јапонија на островот Овен, каде работел.

Брукс рече дека научил да ги разликува звуците на приближување на јапонските, американските и германските авиони.

Бил отпуштен од војската во август 1945 година, како офицер од прва класа, по што работел како возач на виљушкар, сè додека не заминал во пензија на 60 години. Тој бил татко на 5 деца, исто толку посиноци и десетици внуци и паравнуци, а сопругата Леона ја изгубил набрзо по ураганот Катрина.

Scroll to Top