Почина познат американски рапер

Американскиот хип-хоп пејач и рапер Стивен Мајкл Тронсон, познат како Сент Дог, почина на 44 годишна возраст. Како што јавуваат американските медиуми, Тронсон починал во станот на негов пријател, поради проблеми со дишењето.

Тажната вест на „Инстаграм“ ја објавија од неговиот тим, додека причината за смртта засега не е позната. Кога му се пожалил дека има проблеми со дишењето, неговиот пријател веднаш повикал итна помош.

Голем број од обожавателите се прашуваат како дошло до несреќата и се сомневаат дека можеби станува збор за користење на дрога. Многумина од нив и се простија на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

OG King Status.⚡️Still 1605 Southern California until Forever.♠️ #FreeSaintDog

A post shared by Saint Dog (@saint.dog) on

„Почивај во мир легендо. Беше посебен. Остави трага на сите со кои беше во контакт. Иако не си со нас, твојата музика засекогаш ќе остане Имам чувство како да изгубив некој од семејството. Фала ти за сè“, му напишаа некои од нив.

 

Scroll to Top