Претседателот на тегнолошкиот гигант „Самсунг“, Ли Кун-хи, почина на 78-годишна возраст. Причината за неговата смрт засега не е позната, но тамошните медиуми пренесуваат дека тој починал во присуство на неговото семејство.
Ли се сметаше за најбогатиот Јужнокореец затоа што неговото богатство се проценуваше на околу 21 милијарда долари, пренесува светскиот еконосмки магазин „Форбс“.
Ли беше заслужен за трансформација на претпријатието што го основал татко му, а кое почнало како мал бизнис. Денешниот „Самсунг“ е глобален економски гигант, кој се занимава со производсство на електроника, осигурување и транспорт.
„Сите ние вработените во ‘Самсунг’ со задоволство ќе го паметиме човекот што нè водеше“, е наведено во соопштението од компанијата.
Ли се вклучил во семејниот бизнис во 1968 година, а ја презел компанијата во 1987 година по смртта на татко му. Тој ја трансформирал компанијата, која на почетокот произведувала евтини и неквалитетни производи, во светски познат гигант и производител на квалитетна електроника.
Првиот човек на „Самсунг“ ќе остане запаметен по реченицата што им ја кажа во 1993 година на своите вработени.
„Променив сè, освен нашите жени и деца“, изјавил тој.
„Самсунг има уништено 150.000 мобилни телефони за да почне со новата, модерна и динамична фаза на глобалната пазарна експанзија и корпоративен развој.