Седумкратниот шампион во тетрис, Џонас Нојбауер, починал на 40-годишна возраст од ненадејни здравствени проблеми. Нојбауер дал значаен придонес во популаризација на тетрисот како е-спорт, а на светското првенство во класичен тетрис победил седум пати.
„Не можевме да побараме подобар шампион. Џонас, ќе ни недостасуваш, те сакаме и благодарни сме што нè инспирираше секогаш да бидеме подобри. Почивај во мир“, стои во објавата на Твитер.