Починал кога ја слушнал лажната вест за смртта на детето кое го прегазил

Рускиот милијардер Игор Неклјудов (71) починал од изненадна смрт, по веста дека момчето кое го удрил со кола, умрело во болница. Иако медиумите пренеле дека милијардерот најверојатно починал затоа што не можел да се помири со тажната вест, приказната добила трагичен пресврт.

 

Пред неколку дена Неклјудов случајно удрил едногодишно момче со кола, додека возел во рикверц.

Еден од сведоците рекол дека момчето ги сплеткало колената и паднало под возилото, а друг изјавил дека детето е тоа кое трчало и во еден момент се сопнало.

 

Милијардерот чие богатство се проценува на 15 милијарди, сакал да се осигура момчето да ги помине сите прегледи во болница и да се утврди дека се е во ред со него.

Неколку дена подоцна во локалните медиуми се појавила веста дека момчето починало во болница.

Набрзо потоа починал и Неклјудов, а неговите соработници истакнале дека на работа добил срцев удар. Веднаш бил однесен во болница, но му немало спас.

 

Во Русија се повела дискусија дали лажната вест била причина за неговата смрт. Инаку, Неклјудов бил во жижата на јавност пред неколку години поради неговиот внук Григориј Мамурин. Мамурин, наречен Гриша, го добил надимакот за „најодвратна појава на интернет“, благодарение на јутјуб каналаот на кој го поставил контроверзното видео на кое од случајните минувачи барал да се понижуваат за пари.

Неговиот дедо бил гневен поради ваквата постапка, па му наредил на тинејџерот од Москва да се врати во Кабаровск, за да го држи на око.

 

 

Scroll to Top