Федер Фитон пет години се борела со ракот, но во 2013 година, 69 годишната жена починала. Пред крајот на својот живот, на сопругот му рекла задолжително да го полива цвеќето кое го имаат во купатилото, откако таа ќе умре. Тој ја испочитувал нејзината желба, но дури после пет години ја дознал вистината!
Тој внимателно се грижел за цвеќето на својата сопруга неколку години. Бил многу горд затоа што цвеќето секогаш било зелено, па се надевал дека неговиот труд ќе се исплати.
Но, приказната станува уште поинтересна кога еден ден, одлучил да се пресели и се разбира, да го земе цвеќето со себе во новиот дом. Кога ја земал саксијата во раце, сватил дека пет години полевал пластично цвеќе.
Оваа порака на Твитер ја споделила неговата ќерка Антониа Никол, пожарникарка од Лондон.
My parents went for a walk & the wind blew the wig right off her head It went bowling down the beach.
My dad had to chase after it.
That would have been my mum’s carefree moment – laughing & watching my dad chasing after that god-awful wig. She never bothered wearing it again pic.twitter.com/17gKybdkkv
— Antonia Nicol (@Flaminhaystack) 20 January 2018
Пред да мојата мајка почине, му дала строги инструкции на тато, да го полива цвеќето во купатилото. Тој, се разбира внимателно го поливал и одржувал во живот. Изгледало така убаво па одлучил да го земе со себе во новиот дом, но тогаш открил дека е пластично. Ја слушам мојата мајка како се смее“, напишала Антониа, а нејзината објава брзо се проширила на интернет.
„Со ракот се бореше пет години и почина во ноември 2013 година. Моите родители живееја во Јужна Афика па на сите ни беше тешко поради раздвоеноста. Но кога тато откри дека полива вештачко цвеќе беше толку забавно што чувствувавме дека таа е повторно меѓу нас“, изјавила ќерката на оваа двојка.
Before my mum passed away, she gave my dad strict instructions to water the plants in the bathroom. He’s been religiously watering them & keeping them alive. They look so amazing he decided to take them to his new home, only to discover they are plastic! Can hear my mum chuckling pic.twitter.com/N87giD5zKT
— Antonia Nicol (@Flaminhaystack) 16 January 2018