Почнува годината на свињата во кинескиот хороскоп

Денеска, според кинескиот хороскоп, почнува годината на свињата. Свињата е симбол на напредок, среќа и добри можности за успех. Кинеска Нова година во овој знак почнува денес (5 февруари) и ќе трае до 24 јануари 2020 година.

Свиња е дванаесеттиот, последен знак во кинескиот зодијак. За време на владеење на свињата постојат можности за добри и умни вложувања, добри финасиски одлуки и успех на професионален план. Затоа, треба да се завршат сите стари обврски и да се направат нови планови за иднината.

Годината е полна со среќа, љубов и оптимизам. Годината на свињата е идеална да се стави крај на сите врски, пријателски или љубовни, што ве полнат со негативна енергија и ви ја трошат силата. Обидете се да излезете од осаменост и општествена изолираност и опкружете се со луѓето што ги сакате, кои ви се верни и се радуваат на вашите успеси. Бидете активни што повеќе за да ги искористите сите можности што годината ги носи со себе.

Годината на свиња ќе биде најповолна за луѓето родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.

Scroll to Top