Почнуваат велигденските пости

Велигденските пости почнуваат во понеделник (19 февруари) еден ден по Прочка. Постите во предвелигденскиот период се најважниот посен период во текот на годината и се нарекуваат Големи пости.

Затоа, ако постите од наредната недела, оваа недела треба да се придржувате до одредени правила во исхраната. Оваа недела не треба да јадете месо, но дозволно е да јадете риба и јајца.

Големиот пост е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.

Риба и вино можат да се конзумираат само на Благовец, Лазарева сабота и Цветници. Среда и петок се строги пости на вода.

Првите три дена од првата недела на Големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.

Scroll to Top