Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на ковид-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè, самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.
Во вакви вонредни состојби најмногу размислуваме на она кое е за нас највредно: семејството, родителите, децата, здравјето. Од тие причини „Халк осигурување“ креираше Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) кое го адаптира во согласност со индивидуалните потреби на клиентите. Покрај обезбедувањето на најдобрите услови за своите клиенти, „Халк осигурување“ секогаш се труди да обезбеди квалитетна услуга и брза информација за своите осигуреници. Во овој случај, Ирена Младеновска-Анастасовски, помошник-директор на дирекцијата за продажба и продажна мрежа на „Халк осигурување“, разговараше со специјалист радиологот д-р Билјана Божиновска, сè со цел да се поттикнат превентивните прегледи.
- Зошто се важни превентивните и редовните прегледи на дојка кај жените и на колкав временски период треба да бидат?
Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, според направени истражувања во периодот 2010-2017 година, е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30 жени во 2010 година до 27 жени во 2017 година на 100 000 жени.
Извор: Институт за јавно здравје.
Се смета дека секоја четврта жена која ќе добие некаков тип на малигном во телото, ќе го има токму малигномот на дојка.
Воедно знаеме дека со рана детекција на ракот на дојка се зголемува и можноста за негово излекување. Ова е основна причина за да се препорача преглед на дојките кај секоја жена, започнувајќи од 18-годишна возраст, еднаш годишно, со ехо. Над 40-годишна возраст се препорачува секоја втора година и мамографија, додека кај ризичната група на пациентки (стерилитет, хормонална терапија, пушење) секоја трета година и магнетна резонанца на дојки.
- Дали е потребно жените, покрај редовни преглeди на доктор, да прават самопреглед и кој е начинот?
Да! Многу е важно секоја жена да прави самопреглед на дојките и тоа од 7. до 10. ден, броејќи од првиот ден на менструалниото крвавење.
Вовлечени брадавици, секрет, изглед на кожата како кора од портокал се некои од знаците за кои треба да реагирате. Доколку палпирате некоја формација, без разлика на големината и дали е болна или не, исто така треба да се јавите на доктор. Важно е да се напомене дека не сите промени можат да се палпираат или да се видат и затоа е најсигурен прегледот од доктор.
- Кој е соодветниот лекарски третман на луѓето заболени од рак?
Планирањето на третманот кај лицата заболени од рак е секогаш резултат на добра соработка на соодветени доктори – онколог и хирург. Секој пациент е индивидуален, секој доктор прави сè што е во негова моќ за да обезбеди соодветен третман на пациентот.
Вербата во самите себеси кај пациентите и вербата во докторот се најдобриот третман за луѓето заболени од рак.
- Што покрива Доброволното приватно здравствено осигурување на „Халк осигурување“ АД Скопје поврзано со оваа болест?
Бројките на годишно ниво на заболени од рак на дојка фрапантно се зголемуваат од година во година и ова е навистина комплексна и чувствителна тема. Поддршката и сигурноста во верен партнер кој стои со вас во борбата е дополнителен поттик за „Халк осигурување“ да ја доработува полисата на своето Доброволно приватно здравствено осигурување. Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување на „Халк осигурување“ АД Скопје, меѓу другото, има покритие на целокупниот процес на лекување на ракот на дојка и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно на: сите потребни дијагностички постапки, второ мислење, хируршка интервенција, како и хемотерапија. „Халк осигурување“ АД Скопје соработува со голем број медицински установи, а сè со цел да им обезбеди на своите осигуреници најдобра и најбрза услуга. Ваш е изборот каде ќе го извршите лекувањето и третманот.
- Како компанија која се грижи за своите осигуреници, што друго овозможува вашиот продукт во врска со оваа болест?
За жал, бројките покажуваат дека сè почесто оваа болест се појавува, освен кај повозрасната женска популација, и кај помладата женска популација и реално сè повеќе влијае психолошки врз нив. За таа цел Доброволното приватно здравствено осигурување на „Халк Оосигурување“ АД Скопје во своето покритие има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување кое, на некој начин, би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.
- Соработката меѓу „Халк осигурување“ и „Оне хоспитал“ за корисниците на Доброволно приватно здраствено осигурување е секако некаков индикатор дека дала плод и дека сте постигнале резултати. Колку сте задоволни од оваа соработка, но и од фидбекот на јавноста?
Бидејќи во фокусот на двете компании е здравјето и грижата на корисниците и осигурениците, соработката меѓу „Халк осигурување“ АД Скопје и „Оне хоспитал“ е одлична. Желбата да се спаси живот, да се помогне и брзо да се реагира се адут на двете компании, а за тоа зборуваат и многубројните позитивни пораки кои ги добиваме.
Нашата порака е:
Не одложувајте! Ако се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар што побрзо.
Повеќе за Доброволното приватното здравствено осигурување можете да прочитате на веб-страницата на Халк осигурување www.halkinsurance.com.mk, на е-поштата со адреса [email protected] или на телефонскиот број (02) 155 66 или +389 (0) 2 3122 385
(ПР текст)