Погрешни машки стереотипи за жените

Кој вели дека сите жени сакаат да се омажат? Жените се понежен пол, поромантични се и почувствителни, но тоа не значи дека не знаат ништо за спортот, не сакаат акциони филмови или не знаат да состават парче нов мебел.

Некои машки предрасуди за жените можеби и со причина, но повеќето немаат никаква врска со вистината. Впрочем, и онаа идеја за „понежниот пол“ е исто така застарена!

Ова се 20 предрасуди за жените, кои најмногу ги доведуваат до лудило:

  1. Не знаат да паркираат паралелно.
  2. За лошото расположение виновен е ПМС (никако мажите).
  3. Не сакаат „машки“ пијалаци како пиво и виски.
  4. Не знаат ништо за спортот.
  5. Не знаат да ракуваат со бормашина.
  6. Имаат десет милиони чевли
  7. Слободните жени бараат врска под секоја цена.
  8. Сакаат слатки романтични комедии.
  9. Паѓаат на опасни фраери.
  10. Сметаат дека Денот на заљубените и годишнината од брак/врска се најважните денови во годината.
  11. Опседнати се со мажачка, а особено со денот на венчавката.
  12. Секогаш мислат дека се дебели.
  13. Секогаш порачуваат диетална верзија од секое јадење и пијалак.
  14. Задолжително се шминкаат и ја средуваат косата пред секое излегување од дома.
  15. Не знаат да состават нов мебел.
  16. Сексот без емоции не доаѓаат предвид.
  17. Не читаат дневни новини.
  18. Еротските филмови ги сметаат за гнасни.
  19. Се ужаснуваат од хорор филмови.
  20. Готвењето и чистењето им е вродена склоност.
Scroll to Top