Пол Мекартни ќе ја прими вакцината против ковид 19

Легендата на британската музичка група „Битлси“, Пол Мекартни, вели дека ќе ја прими вакцината против коронавирусот. Тој ја поддржа вакцинацијата против ковид 19.

Мекартни припаѓа во третиот ред на државјани по приоритет за вакцинација, затоа што се наоѓа во групата на постари од 75. години. Тој верува дека вакцината е излез од мрачниот период на пандемијата.

„Вакцината ќе не извлече од ова. Мислам дека ќе се извлечеме, знам дека сакаме и вакцината е сјајна вест. Ќе ја примам кога ќе дојдам на ред“, изјавил тој.

Мекартни изјавил дека со нетрпени чека да се врати на бината, откако оваа година беше откажани фестивалите.

 

Scroll to Top