Полицијата го растури карневалот во Вевчани, кој оваа година не беше официјално организиран од страна на Општината поради пандемијата на коронавирусот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата интервенирала поради непочитувањето на мерките за спречување ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање повеќе од четири лица.
Присутните ја дочекаа полицијата со пцости, а настана и турканица меѓу василичарите и полицајците.
Од МВР велат дека и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани за одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група граѓани се собрале во Вевчани, без почитување на мерките, односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата.
Група вевчанци не се откажаа од традицијата и излегоа маскирани на карневалот, а имаше и публика, која го следеше дефилето.
Општина Вечвани оваа година се откажа од организирање на традиционалниот карневал.
Градоначалникот Сашо Јанкоски вчера апелира да се почитуваат мерките и протоколите на Комисијата за заразни болести.