Полицијата има трет осомничен за труењето на рускиот шпион Скрипал

Британската полициска единица за борба против тероризам идентификувала трет руски разузнувач кој го набљудувал поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал, пред тој да биде отруен, пренесува британски „Дејли телеграф“.

Се претпоставува дека агентот на руската воена Главна разузнавачка управа (ГРУ) дошол во англискиот град Солсбери за да помогне да се испланира нападот со нервен гас со кој беа отруени Скрипал и неговата ќерка. По него дошле уште двајца негови колеги кои го внеле нервниот гас во земјата.

„Дејли телеграф“ пишува дека на идентитетот на овој човек сега работат и истражителите вклучени во истрагата за планираното убиство на Скрипал што се случи во март оваа година. При нападот на рускиот шпион настрада и локалната жителка Дон Стурџис.

 

Scroll to Top