Полицијата уапси познат дилер, откако воспитувачка во градинка нашла дрога кај син му

Американецот Бени Гарсија, познат дилер на дрога, бил уапсен во неговиот дом во Масачусетс, откако една од воспитувачките во градинката нашла пакетче дрога кај неговиот петгодишен син, пренесува LADbible.

Воспитувачката веднаш го известила директорот на градинката, кој контактирал со полицијата. Поручник Џим Алберт изјавил дека детето било однесено во болница. Иако им кажало дека од дрогата се чувствувал како Спајдермен, Алберт смета дека детето нема пробано од недозволивата супстанца.

По претресот во домот на Гарсија полицијата нашла 40 вреќички кокаин и 70 пакетчиња хероин. Поручникот објаснил дека Гарсија на полицијата од претходно ѝ бил познат и дека против него веќе бил издаден налог за апсење поради обвинувања поврзани со наркотици.

Поради инцидентот во градинката, поручникот изјавил дека листата на обвинети ќе биде зголемена.

Покрај петгодишниот син, Гарсија чувал и бебе во домот. Децата веднаш биле одземени од страна на социјалните служби. Гарсија се наоѓа во притвор, сè до неговото сослушување кое е закажано за наредната недела.

 

 

Scroll to Top