Шпанската полиција прекинала секс забава на која присуствувале повеќе од 50 лица. Забавата се случила на имотот во Лика д’Амунт, во близина на Барселона, а полицијата вели дека гостите имале секс со проститутки. Тие биле на возраст од 50 до 70 години, пренесува „Ел мундо“.
Забавата била прекината откако еден од соседите го вклучил алармот од неговата куќа. Тој видел двајца од гостите како по грешка влегуваат во неговата куќа, мислејќи дека таму се случувала забавата. Забавата наводно ја организирале група Американци за Нова година.
За потсетување, во шпанскиот североисточен каталонски регион според новите ограничувања, дозволено е собирање на најмногу десет луѓе за дочек на Новата година. На сила е и ноќниот полициски час кој трае од 1 до 6 часот наутро.