Полска во земјите од ЕУ извезла 2,7 тони расипано месо

Полска извела 2700 килограми сомнително говедско месо во земјите на Европската унија. Ова го изјавил шефот на полската ветеринарска служба, откако во јавноста се појавила телевизиска снимка на која се гледа како работници во една компанијата убиваат болни крави, а потоа местото го испраќаат на продажба.

Директорот на полската ветеринарска служба Павел Нјимчук, на конференција за новинарите изјавил дека сомнителното место е извезено во Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка.

Полска произведува околу 560.000 тони говедско месо годишно, од кои 80 до 85% го извезува.

Scroll to Top