Во скопско јога-студио полуголи вежбале јога по 23 часот, па пазарните инспектори ги избркале вежбачите и ја затвориле вежбалницата.
„На одделно место во Скопје се тренирало јога, полуголи во 23 часот. Внатре имало преку 20-25 луѓе. Забрането е групирање на повеќе од четири лица, сите тие треба да работат до 21 часот. Тие претходно биле трипати опоменати. Предупредувани се, знаеме дека во вакви ситуации е тешко да плаќаш 500 евра, а не од 3.000 до 30.000 евра. Меѓутоа, тоа е“, вели Пауновски, пренесе А1он.мк .
Затворени се два угостителски објекта што не ја почитувале забраната за работа по 21 часот, а еден угостителски објект си ја скинал пломбата и почнал да работи без да се регистрираа. Затворени се „ Станица 26“ и „Мош“ поради непочитување на мерките и работа по 21 часот.