Петстотина од најбогатите луѓе на светот за еден ден изгубија 139 милијарди американски долари (повеќе од 120 милијарди евра) поради стравувањата од ширењето на коронавирусот. Светските пазари во понеделникот целосно запреа поради опасниот вирус, кој стана директна закана по глобалната економија, пренесува „Блумберг“.
Тоа е најголемата загуба од октомври 2016 година, кога за првпат е спроведено едно вакво истражување, за најмоќните и најбогати луѓе на планетава земја, од листата на „Блумберг“.
Бернар Арно, третиот најбогат човек на светот и генерален директор на производство на луксузна стока LMVH, изгубил 4,8 милијарди долари, а без истиот износ остана и директорот на „Амазон“, Џеф Безос.
Сопственикот на „Зара“, Амансио Ортега, изгуби четири милијарди, а основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, дури 3,48 милијарди долари. Сметката на останатите милијадери од листата на првите десет е помала за 2,3 милијарди долари.
Кина, која е жариште на коронавирусот, го чини 40% од светскиот пазар на луксузна стока. Пазарниот пад особено ги погоди акциите на агенциите кои ги организираат светските крстарења.